Вода
Бактерии и во водата во Свети Николе

Веќе три дена светиниколчани не пијат вода од водовод. Како што беше соопштено од градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, пронајдени се микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа, поради што се обезбедени цисерни со вода за готвење и пиење.
При редовни контроли на две мерни места низ градската водоводна мрежа и покрај утврденото присуство на хлор од 0,4мг/л, кој е главен идникатор за безбедна вода за пиење, се утврдени микробиолошки отстапувања. Се работи за примерок земен од чешка која е на отворен простор во јавен објект, кој е непосредно до место на ,п,емтален дефект на главната цефководна мрежа, што во моментот се санира, и уште еден примерок земен од внатрешна водоводна мрежа на комерцијален објект – стои во официјалното известување од светиниколски Комкуналец.
Според известувањето, на 10 август се земени примероци за дополнителна анализа со Центарот за јавно здравје во Велес, а се во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамо=но постапување согласно резултатите одд анализите.


