Храна

Знаци кои укажуваат на недостаток на витамин Д во организмот

Истражување кое го спроведе Училиштето за јавно здравје во Универзитетот Харвард, покажа дека милијарда луѓе ширум светот страдаат од недостаток на витамин Д. Ако избегнувате сончање, како и консумација на одредени видови на храна и суплементи, возможно е и вие да сте дел од таа голема бројка на луѓе кои се соочуваат со недостиг на витамин Д.

Витаминот Д сочинува група од седум витамини кои се синтетизираат во кожата под влијание на сонцето, односно во директно изложување на ултравиолетовите зраци.

Овој витамин може да се најде во храна, како рибино масло, месо, млеко и млечни производи, жолчка и печурки.

На просечна возрасна личност дневно им се потребни од пет до 10 микрограми, што е исклучително мала количина.

Витаминот Д има важна улога во одржување на концентрацијата на калциум во телото, придонесува за посилни коски и здрави заби.

Ова се симптоми кои откриваат недостаток на витамин Д во организмот:

1. Чести фрактури на коските

Организмот прекинува да создава коскена маса во околу 30 година од животот, а недостатокот на витамин Д ќе ги забрза и ќе ги влоши симптомите на остеопороза. Поради тоа, не е чудно тоа што лицата кои имаат недостаток на витамин Д се соочуваат со почести фрактури на коските, во однос на оние кои во организмот ја внесуваат адекватната количина на овој витамин.

2. Болки во коските

Суптилна, но постојано присутна болка во коските и зглобовите може да биде последица на медицински болести како артритис, остеомалација или фибромиалгија. За ова непријатно чувство може да биде виновник токму недостатокот на витамин Д.

3. Лошо расположениe

Клиничката депресија во поголемиот дел од случаите директно е поврзана и со недостаток на витамин Д. Иако нема јасни докази за тоа. Експерти веруваат дека недостатокот на витамин Д влијае на лачењето и количината на хормонот серотонин, кој го одредува расположението кај луѓето.

4. Претерано потење

Претераното потење има бројни причинители, а еден од нив е и недостатокот на оваа важна супстанца во човечкиот организам. Ако вашето лице постојано се поти дури и кога телото ви е во мирување, а телесната температура не ви е повисока од 37 степени Целзиусови, размислете за тест околу откривање на недостаток на витамин Д.

5. Слабост и умор

Ако се чувствувате уморно и слабо, дури и после квалитетен осумчасовен сон, можеби страдате од недостаток на витамин Д. За сила на телото не е потребно само железо, туку и овој витамин кој ја зголемува контролата на мускулите.

Тагови

Поврзани вести