Вода

Ѓорѓиевски по лажната паника за скопската вода: Не сум монструм кој ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен

Ешерихија коли или било која друга бактерија нема во водата во Скопје. Ова на денешната прес-конференција го истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој пред новинарите се напи чаша вода од чешма.

 

Скопје има една од петте најдобри води и извори во Европа. Не сум монструм кој ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен. Секој ден на дневна основа се прават по 36 испитувања на примероци кои се земаат од разни локации во градот, истакна Ѓорѓеивски.

Додаде дека нема проблем со водоснабдувањето и притисокот во Градот.

По однос на масовното ширење на пораки по социјалните мрежи за тоа дека во водата од градскиот водовод во Скопје е пронајдена ешерихија коли, Ѓорѓиевски нагласи дека се работи за организиран напад од опозицијата.

– Ќе има одговорност за сите кои шират паника и хистерија, што според мене е еднакво на тероризам. До МВР ќе бидат доставени сите профили на социјалните мрежи кои шират лажни вести, порача Ѓорѓиевски кој нагласи дека тој, неговото семејство и 8 и пол годишниот син ја пијат оваа вода за која кажа дека е чиста и една од најквалитетните.

Тагови

Поврзани вести