Македонија
Шест активни пожари во Македонија, 31 изгаснат во изминатото деноноќие

На територијата на Македонија до 7:30 часот утрово биле регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои шест сè уште се активни, три се ставени под контрола, а 31 пожар е изгаснат, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според информациите на ЦУК, активни пожари има на подрачјата на Студеничани, Македонски Брод, Битола, Новаци, Крушево и Велес, при што на повеќе локации огнената стихија зафатила ниска вегетација и шумски површини.
Под контрола се ставени три пожари – на депонијата во Општина Делчево, пожарот во Општина Могила кај селата Лознани и Вашарејца, како и пожарот во Општина Јегуновце кај селото Копанце.
Особено критична беше состојбата во реонот на Лознани, каде претходно огнената линија се протегаше во должина од неколку километри и се приближи до првите куќи. Во интервенцијата беа вклучени пожарникари од Битола и тимови за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување.
Надлежните служби продолжуваат со активности на терен на активните жаришта, додека состојбата се следи и на локациите каде пожарите се ставени под контрола, поради опасност од нивно повторно разгорување.
Според утринскиот биланс на ЦУК, од вкупно 40 регистрирани пожари, 31 се целосно изгаснати, што значи дека најголемиот дел од пожарите регистрирани во изминатиот период се локализирани и ликвидирани.
Центар за управување со кризи: Информација за пожарите на отворен простор на територијата на државата до 07:30 часот
На ден 14.08.2026 година, до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се 6 пожари, под контрола се 3 пожари, а изгаснати се 31 пожар.
Активни пожари – 6:
Општина Студеничани: над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер (мешана шума).
Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки).
Општина Битола: с. Лопатица (ниска вегетација).
Општина Новаци: с. Маково, с. Мојно и с. Брник (ниска вегетација и деградирана шума).
Општина Крушево: потег с. Алданци – с. Норово (нискостеблеста деградирана дабова шума).
Општина Велес: с. Слп (шума).
Пожари под контрола – 3:
Општина Делчево: градска депонија (депонија).
Општина Могила: с. Лознани и с. Вашарејца (ниска вегетација).
Општина Јегуновце: с. Копанце (шума).
Изгаснати пожари – 31:
Општина Сарај: Сарај (ниска вегетација и дрвја).
Општина Сарај: с. Семениште (борова и ниска вегетација).
Општина Сарај: с. Раовиќ (ниска вегетација и мешана шума).
Општина Прилеп: с. Сенокос (железнички прагови).
Општина Прилеп: кај старата фабрика „Партизанка“ (ниска вегетација).
Општина Прилеп: регионален пат с. Беровци – с. Веселчани (ниска вегетација).
Општина Прилеп: месност „Варош“ (ниска вегетација).
Општина Прилеп: ул. „Благоја Шукуроски“, спроти црквата „Св. Димитриј“ (ниска вегетација).
Општина Прилеп: над бараки Варош (ниска вегетација).
Општина Кривогаштани: с. Мирче Ацев, односно с. Петрово (пчеларник).
Општина Крушево и Долнени: с. Селце и с. Житоше (ниска вегетација).
Општина Ново Село: помеѓу с. Борисово и с. Колешино (две диви депонии).
Општина Василево: с. Василево (депонија).
Општина Охрид: с. Велгошти (ниска вегетација).
Општина Охрид: Петрино, ул. „15-ти Корпус“ (стрниште).
Општина Струга: с. Долно Татеши (ниска вегетација и нискостеблеста шума).
Општина Струга: с. Корошишта (стрниште, ниска вегетација и насади со лешници).
Општина Кичево: с. Манастирско Доленци (нискостеблеста деградирана шума).
Општина Кичево: с. Гарани (стрниште и куќа).
Општина Чашка: Богомила, кај железничката станица (ниска вегетација, дрвени железнички прагови и бандери).
Општина Велес: помеѓу с. Сливник и с. Бузалково (ниска вегетација, грмушки и бандери).
Општина Кавадарци: с. Чемерско (сува трева и грмушки).
Општина Кавадарци: ул. „Сремски Фронт“ бр. 18
Општина Куманово: с. Косматец (ниска вегетација).
Општина Липково: с. Слупчане (плевна и дел од куќа).
Општина Јегуновце: с. Сирочино (депонија).
Општина Јегуновце: над с. Копанце (ниска вегетација и ситни грмушки).
Општина Тетово: с. Џепчиште (ниска вегетација).
Општина Врапчиште: с. Градец (ниска вегетација и ѓубре).
Општина Гостивар: на излез од Гостивар (ниска вегетација).
Општина Гостивар: с. Страјане (ниска вегетација).



