ЕКО бизнис

Протест на земјоделци во Муртино, за црвена пиперка добиваат само 25 денари по килограм

Голем број на земјоделци денеска излегоа на протест во струмичко Муртино незадоволни од откупната цена за ајварката. Велат дека за нив откупната цена од 25 денари за килограм црвена пиперка е неприфатлива и бараат помош од државата.

Тие најавија блокади и го повикаа министерот за земјоделство Борче Серафимовски на средба. На протестот се приклучија и градинари од останатите струмички села.

Земјоделците, производители на црвена пиперка добија поддршка од Националната земјоделска мрежа.

„Националната земјоделска мрежа целосно ги подржува оправданите барања на градинарите од Струмичкиот регион. Упатуваме јавен апел до надлежните институции најсериозно да ја сфатат сериозноста на состојбите во македонскиот аграр и итно и неодложно да преземат мерки за решавање на проблемите Македонскиот аграр и земјоделците се доведени до колапс и нема повеќе простор за изговори и дефокус од проблемите“, изјави Ѓорги Какракашев, претседател на НЗМ.

Тагови

Поврзани вести