Економија

Новите технологии ќе поттикнат поголема побарувачка за бакар

Побарувачката за бакар силно ќе расте во следните десет години благодарение на електричните возила, енергетската инфраструктура, вештачката интелигенција и автоматизацијата, проценува трговската компанија Трафигура, пренесува Хина.

Енергетската транзиција и новите технологии како што се вештачката интелигенција и автоматизацијата веќе ги подобрија изгледите за побарувачката за високопроводен метал. Во следните десет години тоа ќе биде извор на најмалку десет милиони метрички тони дополнителна потрошувачка, пресмета Трафигура. Околу една третина од новата побарувачка ќе биде генерирана од секторот за електрични возила, забележува шефот за метална анализа во швајцарската компанија Греам Треин.

Побарувачката за бакар ќе биде поттикната од индустријализацијата и урбанизацијата во земјите во развој, особено во Индија, каде потрошувачката по жител моментално е само половина килограм, вели шефот на анализата во Трафигура. Во Кина и развиените економии тоа е соодветно 10 и седум килограми, забележува тој. Забрзаното производство на електрични возила, соларни панели и инвестициите во мрежата во Кина и закрепнувањето на кинеската индустрија веќе ја зголемија побарувачката за бакар, кој најмногу се користи во енергетската и градежната индустрија. Овие фактори, во комбинација со густата понуда на рафиниран бакар и бакар концентрат, ги подигнаа цените на тој метал на лондонската берза на највисоко ниво во последните две години, близу 10.000 долари за тон.

Тагови

Поврзани вести