Клима
Многу топол бран ја зафати Европа: Што ја чека Македонија во следните 10 дена?
Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност низ поголемиот дел од земјата. Според најновата прогноза, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во одделни региони.Температурите ќе бидат типично летни и ќе достигнат високи вредности. Најтопло се очекува да биде во југоисточниот и централниот дел од земјата, каде максималната температура ќе достигне до 34 степени Целзиусови.Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во текот на попладнето постојат услови за локална појава на нестабилно време со краткотрајни врнежи и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максимални вредности ќе бидат во интервал до 34 степени. Метеоролозите советуваат граѓаните да бидат внимателни во попладневните часови поради можните локални временски промени, особено на отворени простори и при планирани патувања.

Полека но сигруно во Македонија летото и летните температури на воздухот ни започнуваат, и тоа по долг период на нестабилно и ладно време со потпросечни температури на воздухот и со чести врнежи и грмежи како и со појава на планински снег кој го имавме до скоро време во Македонија , регионот и ширум Европскиот Континент.
Инаку деновиве во најголем дел од Европа владее многу топол бран од Африка кој условува многу високи и натпросечни температури на воздухот кои надминуваат 30 степени а во делови од Европа веќе се мерат и 35 степени, а во југозападна Европа, односно во Шпанија изминатите денови беше многу потопло каде температурите локално се искачија дури и до 39 степени, температури кои се типични за месец јули а не за месец мај.
Топлиот бран во најголем дел од Европа ќе се задржи и во следните неколку денови и ќе условува многу високи летни и натпросечни температури на воздухот.



