Клима

Денеска сончево и посвежо, температури до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 23 до 30 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11 степени, а максималната дневна ќе достигне 28 степени.

До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време, со мала до умерена облачност во текот на денот.

Во вторник во северните делови од земјата наместа ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува северозападен ветер, а потоа ќе го промени правецот во југоисточен.

Тагови

Поврзани вести