Македонија
И за вториот изборен круг во недела безбедноста ќе се следи со дронови

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев вчера оствари средба со раководството на сите градови каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори.
На состанокот беа разгледани безбедносните состојби на терен, предизвиците и активностите кои полицијата ги презема во пресрет на изборниот ден.
Воедно, беше истакнато дека нема и нема да постои толеранција за ниту едно незаконско дејствување, а секој обид за нарушување на изборниот процес ќе биде санкциониран со брза, професионална и одлучна полициска реакција.
Како и во првиот изборен круг, полициските службеници ќе бидат соодветно распоредени во близина на избирачките места и на сите потенцијално ризични локации, а безбедносните активности ќе бидат засилени со користење на модерни технички средства, вклучително и воздушно набљудување со дронови, информираа од полицијата.



