Економија
Иран размислува за наплата на пловидба низ клучната енергетска рута

Иран разгледува воведување нови правила за пловидба низ Ормускиот Теснец, вклучително и можни такси за бродовите што минуваат низ оваа клучна светска енергетска рута. Идејата доаѓа во момент кога регионот веќе се соочува со зголемени тензии и нарушен поморски сообраќај.
Според информации од странски медиуми, во Техеран се анализира модел со кој би се наплаќало користењето на теснецот – потег што би имал сериозни последици врз глобалната трговија, имајќи предвид дека низ оваа рута поминува значителен дел од светската нафта и гас.
Во меѓувреме, ситуацијата на терен останува напната. Илјадници морнари и стотици бродови се соочуваат со проблеми во движењето, додека меѓународната заедница повикува на гарантирање на безбедна и слободна пловидба.
Аналитичарите предупредуваат дека евентуалните нови мерки би можеле дополнително да ја влошат состојбата на енергетските пазари и да ја зголемат глобалната економска неизвесност.



