Економија

Енергетски пресврт: нова рута од Ирак кон Европа

Извршниот директор на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол, предложи изградба на нов нафтовод кој би ги поврзал нафтените полиња во Басра со турското пристаниште Џејхан, со цел да се намали зависноста од Ормускиот Теснец.

Според него, проектот би имал стратешко значење не само за Ирак и Турција, туку и за Европа, особено во контекст на енергетската безбедност. Бирол оцени дека ваквата инфраструктура е реална опција и дека може да добие финансиска поддршка.

Идејата доаѓа во период на зголемена неизвесност околу Ормускиот Теснец, откако Иран повторно воведе ограничувања за поморскиот сообраќај. Дел од танкерите веќе ја променија својата рута поради предупредувања за безбедноста.

Ирак, кој најголем дел од извозот го врши преку Басра, силно зависи од овој теснец, што дополнително ја нагласува потребата од алтернативни рути.

Во меѓувреме, Турција работи и на пошироки инфраструктурни проекти со цел поврзување на Блискиот Исток со Европа, во услови кога некои други меѓународни коридори се соочуваат со застој поради регионалните конфликти.

Тагови

Поврзани вести