Македонија
Ќе се гради етно село на Беласица за развој на алтернативниот туризам
Според проектот ова етно село треба да го заживее алтернативниот туризам на Беласица која изобилува со природни убавини.

Ќе се гради етно село на Беласица кај населеното место Мокрино каде се одржувала беласичката битка. Општина Ново село овие денови ќе објави лицитација за продажба на околу 150 хектари земјиште каде треба да никната сместувачки и угостителски капацитети.
Според проектот ова етно село треба да го заживее алтернативниот туризам на Беласица која изобилува со природни убавини.
Инвеститори од Дубаи, Швајцарија но и од земјава веќе покажале интерес за купување на земјиштето каде треба да се гради етно селото. Почетната цена изнесува две евра по метар квадратен
.
Беласица изобилува со огормен потенцијал за развој на селескиот и алтернативен туризам. Општината акцент ќе става на одржување на инфрастрктурата но и едукација на месното население за издавање на туристички услуги.
Водопадите на Беласица станаа атракција изминативе години но заради немање сместувачки капацитети посетителите не се задржуваат многу во овој предел кој изобилува со природни убавини.