Култура

По 47ми пат ќе се одржим„Млад отворен театар“, годинава од 10 до 19 ноември

Моќта на театарот и театарот на моќта. Повторно на крстопат, и повторно МОТ ќе го има! Од 10 до 19 ноември, еден од најстарите регионални меѓународни театарски фестивали, по 47-ми пат ќе пркоси и „нервира“ со своето присуство и живост.

Во годината на јубилејот „50 години МКЦ“ – Млад отворен театар ќе прикаже дваесет и пет програмски активности, ќе биде домаќин на театри од Словенија, Грција, Турција, Велика Британија, Србија, Црна Гора и од Македонија.

Дополнително, во чест и спомен на еден од основачите на МОТ и негов повеќедецениски програмски уредник и директор – Љубиша Никодиновски Биш – кој почина оваа година, ќе биде воспоставена и награда „Биш“, која ќе се доделува на домашна продукција меѓу две фестивалски изданија.

За таа цел од организаторот МКЦ беше отворен и повик на кој се пријавија 25 продукции, од кои на фестивалот ќе биде прикажана селекција од осум претстави.

Тагови

Поврзани вести