Забава
Што се случува кога вселенско летало удира во атмосферата на Земјата
Американската вселенска агенција НАСА објави спектакуларна снимка од сондата „Орион“ како удира во атмосферата на Земјата со брзина од 11 километри во секунда. Тоа е 32 пати побрзо од брзината на звукот.
Видеото е снимено за време на мисијата „Артемис 1“ на НАСА минатата година, а сега конечно е објавено. Мисијата „Артемис 1“ се упати кон Месечината минатиот ноември и служеше како прв тест на НАСА на масовен вселенски систем за лансирање што еден ден треба да ги врати луѓето на Месечината, а подоцна да ги однесе на Марс.
Сондата „Орион“ е наменета за повеќекратна употреба и во неа има место за екипаж составен од четири лица. По тест-мисијата до Месечината, при враќањето удри во атмосферата на Земјата и потоа се спушти со падобран во Тихиот Океан.