Се на се, таа го прослави овој ден како што треба, насмеана и расположена. Розовата боја доминираше, како меѓу балоните, така и меѓу цвеќињата кои ја красеа роденденската маса. Таа самата беше облечена во розов џемпер со големи сиви ѕвезди. Таа беше воздржана кога требаше да објави фотографии од оваа прослава, но и тие малку покажаа дека сè помина како што таа замисли. До неа беше нејзиниот партнер Том Каулиц, како и нејзините деца. Таа ги исклучи коментарите под фотографијата. – Се чувствувам благословена – напишала Хајди под фотографиите. Меѓу другото, таа доби и честитка од нејзината добра пријателка, со која учествува во забавна програма како судија, Софија Вергара, посакувајќи и се најдобро.