Забава
Францускиот замок „Мон Сен Мишел“ го издржа тестот на времето
Познатиот замок „Мон Сен Мишел“ е една од најпосетуваните туристички атракции во Франција вон Париз. Милиони посетители доаѓаат секоја година за да го видат овој подвиг на средновековната архитектура.
Сместено во Нормандија на северниот брег, зданието, инаку, е опкружено со песок. Многу од зградите во комплексот датираат од 13. век, и според познавачите, се одличен пример за готска архитектура. Средновековниот замок изграден од гранит го издржа тестот на времето, па и денес привлекува луѓе од целиот свет. Тоа е едно од ретките утврдувања во Франција што ги зачувало средновековните ѕидини и стариот одбранбен бедем.
Можеби една од најважните одлики на историскиот полуостров Мон Сен Мишел, е тоа што на ова место, плимата е најјасно видлива во светот – по Канада, пишува порталот „Бука“.
Благодарение на плимата и осеката, во минатото полуостровот повремено „природно се претворал“ во остров. Сепак, за целосно да го претворат во островче, Французите потрошиле 10 години и речиси 200 милиони евра.
Местото е под заштита на УНЕСКО и во 1979 година е вклучено во листата на светско наследство.