Свет
Трамп нареди јавно објавување на сите владини документи поврзани со вонземјани

Доналд Трамп им нареди на американските агенции, вклучувајќи го и министерството за одбрана, да почнат процес на идентификување и објавување на сите владини документи за вонземјани и вонземски живот. Тој кажа дека се решил на ваков потег откако го обвини Барак Обама за откривање доверливи информации кога во еден подкаст оваа недела кажа дека вонземјаните се вистински.
„Тој не требаше да го направи тоа. Направи голема грешка“, рече Трамп.
Запрашан од новинарите дали тој верува во вонземјани, Трамп одговори:
Гостувајќи во подкастот на Брајан Тајлер Коен, Обама кажа дека вонземјаните постојат, но тој не ги видел.
Откако неговите коментари предизвикаа големи реакции на социјалните мрежи, Обама даде дополнително појаснување.
„Статистички, мислам дека постои живот надвор од Земјата, имајќи ја предвид големината на вселената. Додека бев претседател, не видов докази дека вонземјаните стапиле во контакт со нас“.
Трамп кажа дека иако многу луѓе веруваат во вонземјани, тој никогаш не збори и нема мислење за тоа.
Извештај на Пентагон од 2024 заклучи дека нема докази дека американската влада наишла на вонземски живот и дека повеќето видувања на НЛО биле само обични предмети.



