Забава
ТОРТА СО ПОСНО ЧОКОЛАДО ЗА ГОТВЕЊЕ НА ЛЕОНА
![](https://i0.wp.com/ekobalans.mk/wp-content/uploads/2020/04/COKOLADO_LEONA_01.jpg?fit=1080%2C1080&ssl=1)
Состојки за торта со посно чоколадо за готвење на Леона:
За кората:
300 гр кафеав шеќер,
250 гр посен маргарин,
300 гр пирово брашно (брашно од шпелта),
40 гр соино брашно,
60 гр какао прав,
300 мл соино млеко,
1/2 лажичка екстракт од ванила,
Кесичка прашок за пециво.
За кремот:
750 мл соина павлака,
450 гр посно црно чоколадо на Леона,
80 гр кафеав шеќер,
1/2 лажичка екстракт од ванила.
Посната торта со чоколадото на Леона се подготвува на следниот начин:
Сите состојки за кората ставете ги во еден сад и заматете мазно тесто. Сипете го во тркалезен калап обложен со мрсна хартија и печете во рерна на 180 степени околу 45 минути. Изладете ја кората и водорамно пресечете ја на три дела.
Од соината павлака измиксирајте шлаг. На пареа стопете 400 гр посно чоколадо за готвење на Леона, додајте 250 гр шлаг, шеќер, ванила, изматете со миксер, замешајте го остатокот од шлагот и оладете во фрижидер.
Долната кора исфилувајте ја со 1/3 од кремот, поклопете со другата кора и така со ред, додека не го потрошите целиот материјал.
Од преостанатото чоколадо на Леона направете ролнички со нож и украсете ја тортата.