Свет

Топлотен бран во Мексико, најмалку 100 лица загинаа

Најмалку сто луѓе починаа во изминатите две недели во Мексико поради топлото време. Температурата на воздухот во некои делови од земјата се искачи приближно до 50 степени Целзиусови, соопшти Министерството за здравство.

Тринеделниот топлотен бран овој месец ја оптовари електричната мрежа со рекордна потрошувачка, а во некои области е прекината и наставата.

Повеќе од две третини од смртните случаи се случиле во периодот од 18 до 24 јуни, а останатите претходната недела. Во истиот период минатата година регистриран е само еден смртен случај предизвикан од топлото време.

Околу 64 отсто од смртните случаи се случиле во северната држава Нуево Леон, која граничи со Тексас.

Изминатите денови температурата на воздухот се намали откако почна сезоната на дождови, но во северниот дел на Мексико сè уште преовладува топлото време. Во градот Акончи, мексиканската државата Сонора пред два дена измерени се рекордни 49 степени Целзиусови.
Тагови

Поврзани вести