Свет
Топењето на мразот на Арктикот ќе создаде поволни услови за инвестиции!?
На Гренланд се надеваат дека растот на цените на добрата и услугите ќе привлече странски инвеститори и ќе го забрза економскиот раст, за да ја остварат долгорочната цел, независност од Данска.
Кога Гренланд остварил високо ниво на автономија од Данска во 2009. година, властите се надевале дека ќе дојде до рударски “бум”, меѓутоа законските ограничувања и падот на цените на услугите и добрата ги расипале нивните планови.
Економијата во отсуство на рударскиот “бум” се потпрела на риболов и дански донации, а со оглед на тоа дека оваа година би требало да започне со работа рудникот за рубини и сафири, кој го води норвешката група “LNS Group”, мештаните повторно се надеваат на инвестиции.
Топењето на мразот на Арктикот ќе создаде поволни услови за инвестиции поради подобар и поширок пристап до регионот.
Владата која ќе го освои мандатот во вторник, за кога се закажани изборите, морала да одлучи дали ќе се оддалечи од Данска и ќе ги засили врските со другите држави, вклучувајќи ја и Кина.
Кина има интереси на Гренланд, поради владиниот план во кој се изнесени амбиции да се формира “поларен пат на свилата”. Според тој план треба да се искористат транспортните рути создадени од глобалното затоплување.
Главни играчи на политичката сцена во Гренланд се социјалдемократската партија Сјумут на премиерот Ким Киелсен, и левичарската инуитска Атакатгит партија на Сара Олсвиг.
Според последните анкети, најизвесно е дека овие две партии ќе направат коалиција.