Македонија

Тајните на охридските бисери: Техниките за нивното правење се пренесуваат од колено на колено

На границата помеѓу Македонија и Албанија, во градот Охрид се наоѓа едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа. Ова културолошко и природно подрачје е под заштита на Унеско, а смаргадно-зелената вода е дом на 212 ендемски видови на билки и животни.

Една од нив е рибата плашица, од чии крлушки се прават охридските бисери.

Историјата за правење на охридски бисери датира од 1920-тите години, кога руски имигрант им ја претставил оваа техника на две семејства – Талеви и Филеви. Тие тогаш оваа вештина тано ја пренесувале од колено на колено – од татко на син.

Додека традиционалните бисери можат да траат 150 години, семејството Талеви тврди дека охридските бисери траат вечно.

Во последните децении, овие бисери станаа еден од заштитните знаци на нашата земја, а ги носеа европски кралски семејства, помеѓу кои и Маргарета Втора од Данска, кралицата Елизабета Втора, но и принцезата Дајана.

Податокот за староста на охридското езеро, лежи во траги кои можат да се најдат на дното од неговите води, а се претпоставува дека е старо помеѓу 4 и 10 милиони години!

Ова слатко езеро нуди голем избор за љубителите на водните спортови. Незаборавно доживување е нуркањето до подводните археолошки наоѓалишта кои се најуникатни на Балканот.

Ова е само причина повеќе за да го засакате Охрид, а во текот на летото се одржува и најголемата музичка манифестација во Македонија – Охридско лето.

Настанот се случува на повеќе историски локалитети, како што се предворјето на црквата Света Софија, Самоиловата тврдина и античкиот театар.

Тагови

Поврзани вести