Живот
Тажна слика во австралиска зоолошка: Го смируваат осамениот пингвин Пјер (ВИДЕО)
Малиот пингвин од зоолошката градина во Перт, Австралија, го гледа на таблет анимираниот филм Пинг, за да не се чувствува толку осамено, пишува Би-Би-Си.
Пингвинот по име Пјер бил пронајден повреден на плажа на југозападот од земјата. Припаѓа на загрозениот видови на северни пингвини, единствените кои живеат во областа на тој континент.
Пјер бил однесен во прифатилиште за пингвини каде успешно се опоравува, но неговите негуватели биле загрижени дека ќе биде осамен, па на таблет почнале да му покажуваат снимки од други пингвини.
„Пјер веќе треба да биде во Индискиот Океан или на морето во близина на Антарктикот“, рече неговиот чувар Даниел Хенри.
„Тој воопшто не требаше да биде тука и не бешее во најдобра здравствена состојба кога дојде кај нас“.
Пердувите на овие пингвини обично испаѓаат еднаш годишно и растат нови. Но, со Пјер, тоа воопшто не се случува во моментов.
Ова значи дека Пјер нема своја водоотпорна заштита што е голем проблем.
„Сметаме дека е многу млада птица, дури немаедна година. Од некоја причина, му паднале само половина од перјата, а потоа процесот запрел. Затоа Пјер не знае да плива и да лови риби, па затоа мора да му помогнеме “, вели Даниел.
Што се однесува до цртаниот филм, Даниел вели дека Пјер навистина ужива да го гледа Пинг.
Pierre's a big fan of Pingu pic.twitter.com/IBqsCCZrtu
— Perth Zoo (@PerthZoo) August 28, 2020
„Но, тој веројатно не разбира дека и Пинг е пингвин, тој само реагира на боите и движењата. Но, од неговото однесување знаеме дека му се допаѓа. Тој вика гласно како одобрување и за нас е многу важно да го прави тоа “.
Планот е Пјер дефинитивно да се врати во дивината, но за тоа треба да почекаат неговите пердуви да се променат барем два до три пати.
„Во меѓувреме, се надеваме дека ќе можеме да го преместиме во друга зоолошка градина каде што има повеќе пингвини од неговиот вид“, вели Даниел.