„Ќе се овозможи користење на виртуелната купола на инверзивен и семиинверзивен начин, со што присутните ќе може да потонат во виртуелната реалност и да доживеат ист начин како да биле присутни таму“, изјави деканот на ФИКТ, Благој Ристевски. Куполата ќе овозможи популаризација на техничките, инженерските, компјутерските науки, а наоѓа примена и во сите области од образованието, обуки, научни истражувања. „Дефинитивно сакаме да ја пробаме виртуелната реалност да почувствуваме дека сме на друго место, во други држави но и да ги искористиме најновите системи за да направиме интересни содржини“, вели Томислав Анчевски, студент на ФИКТ. Центарот за виртуелно инженерство на ФИКТ ќе биде отворен за сите заинтересирани- факултети, универзитети, средношколци, компании велат од УКЛО. „Очекуваме дека студентите но и сите други ќе можат да добијат, поквалитена обука и настава, поблиска до реалност преку користење на технологија во виртуелната реалност“, вели ректорот на УКЛО, Игор Неделковски.