Македонија

Смешна пропагандна кампања во Македонија : Албанската нафта ќе ги реши енергетските проблеми на цела Европа!?

Албанија има пристап до големи енергетски извори што ќе ѝ овозможат да произведува „значителни количества“ нафта и гас, со капацитет да ја амортизираат енергетската криза во цела Европа. Ова е приказната која ни се сервира деновиве во провладините медиуми под контрола на странските амбасади во Македонија

Ова завчера го најави премиерот Еди Рама при посетата на Холандија, а подоцна го потврди министерката за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку.

– Албанија ќе може да произведува “ВАЖНИ(??)” количества нафта и гас. „Шел“ работи во Албанија некое време и со нетрпение ги очекуваме резултатите од истражувањето, кое ќе биде големо откритие – изјави Булаку.

Најава за „важно откритие“ даде и премиерот Рама по средбата со својот колега Марк Руте од Холандија, земјата во која е регистрирана компанијата „Шел“.

– Има знаци што укажуваат дека сме близу до многу, многу важно откритие на нафта и на гас, што ќе има огромно влијание не само врз иднината на нашата земја, туку ќе има улога дури и во иднината на енергијата во Европа – изјави Рама.

Ни премиерот ни министерката признаа дека од „Шел“ немаат добиено детали ниту податоци за заклучоците од истражувањата, но и Рама и Булаку изразија убедување дека вестите ќе бидат позитивни. Министерката Булаку дури и додаде дека новооткриеното поле содржи 40 отсто гас и 60 отсто нафта.

Вака некако се пишува во провладините медиуми под контрола на неколку странски амбасади во Македонија и нивните невладини организации, за што служи оваа пропагандна кампања во овие кризни времиња за Македонија и кој сака да го промовира нашиот беден сосед како некаков фактор во далечна иднина навистина вреди да се размисли за тоа.

Пример за тоа се и стотината “души” во власта и во медиумите кој во јавноста се претставуваат како македонци, а не се и служат како пример дека ете може да ви биде сеедно за името, нацијата или да се смеете кога ќе ви кажат дека сте западна Бугарија или дека виткањето кичма (народски кажано: тртење ), или да си проститутка, слуга или роб какви што се тие било најнормална работа. Истото важи и за стотината луѓе во власта и на насилници дилери по улиците кои се сметаат за албанско малцинство и кој глумат некаков си фактор, а всушност изигруваат кловнови и циркузанти.

Тагови

Поврзани вести