Забава

Саудијците градат крузер од соништата за 50 илјади патници

Саудиската компанија за недвижнини „Ал-Отаим инвестмент“ (Al-Othaim Investment) најави нов проект за изградба на брод за крстарење кој би требало да биде град во град.

Проектот наречен „Al-Othaim Cruise Hall“  ќе биде изграден на вкупна површина од 77.000 метри квадратни и ќе вклучува трговски центар, 276 станбени единици, 16 луксузни апартмани и области за забава.

Планираниот хотел на бродот ќе содржи 120 соби и 156 апартмани и деловни простории на шест ката.

На тој брод ќе бидат вработени 4.000 млади мажи и жени од Саудиска Арабија, соопштија од компанијата.

Исто така, се предвидува дека новиот развој значително ќе придонесе за одржлив развој, постигнување на целите на Визија 2030 и зајакнување на позицијата на Саудиска Арабија како водечки глобален инвестициски центар.

Кога станува збор за капацитетот, беше најавено дека овој вид на крстарење ќе може да прими до 50.000 патници и 25.000 автомобили.

Погледнете во видеото како ќе изгледа:

 

Тагови

Поврзани вести