Македонија

Регистрирани 42 излечени пациенти за еден ден од коронавирусот во Македонија, вкупно 86

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 42 лица излечени од коронавирусот. Од Инфективната клиника испишани се 10 пациенти со два негативни теста, додека 32 оздравени пациенти се регистрирани во домашни услови, односно 20 во Скопје и 12 во Дебар.

„Денеска имаме нови 42 луѓе оздравени од коронавирусот, се надеваме дека овој број ќе продолжи брзо да расте. Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови. “, соопштија од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на излечени сега изнесува 86 лица. За жал бројката на смртни случаи од коронавирусот се искачи на 44 лица.

 

Тагови

Поврзани вести