Забава
Прв музички спот направен со вештачка интелигенција
Уметницата Август Кемп со помош на вештачката интелигенција добила спот во кој се комбинираат психоделични визуелни елементи и амбиентална музика.
„OpenAI“ со помош на „Sora“ го направи првиот музички спот кој во целост е генериран од вештачка интелигенција.
Станува збор за спот за песната „Worldweight“ на уметницата Август Кемп кој комбинира психоделични визуелни елементи, со амбиентална музика.
Во ова видео вклопени се различни окруженија, од облачни плажи до шуми со олтари, па се до сцени кои потсетуваат на делови од вонземна технологија.
„Се чувствувам како ова уметничко дело да се моите срце и душа. Се сеќавам како се чувствував кога овие ноти ми прелетаа низ рацете и на типките на мојот синтисајзер, пред речиси две години. Се сеќавам дека надвор врнеше дожд и дека се чувствував многу среќна што можам да ги преточам тие чувства во песна, нешто што може да ги задржи, па веќе не морав да ги затворам очите додека свирев, нешто ретко за мене, бидејќи ни јас не ги знам своите ноти добро, но ги затворив очите и ги видов сликите во мислите“.
„За тоа е „Sora“ најдобра – по мое мислење. Да ги направам овие слики кои ги држев во главата две години и да кажам: „Август – можеме да ги споделиме со луѓе“. Тоа е тоа што мислам дека посебно во врска со оваа алатка. Можам да го споделам тоа што некогаш било заклучено зад моите затворени очи.
Ова песна отсекогаш изгледаше вака … само сега можам и да ви покажам – напишала Август покрај своето видео.