Македонија

Почина Зоки Панкер симболот на едно урбано Скопје

Скопје денес загуби дел од својот урбан дух. Почина Зоки Панкер – газдата на култните „Балет“ и „Флок“, човек што за многумина беше симбол на едно поинакво, слободно и гласно Скопје.

Под негово менаџирање, „Балет“ стана прибежиште за алтернативната сцена, за музика и луѓе кои градот го живееја како став, а не само како адреса. Таму се создаваа пријателства, идеи и ноќен живот со душа.

Зоки Панкер беше препознатлив по својот директен став и автентичност. Со неговото заминување, градот останува посиромашен за уште еден сведок на времињата кога местата имаа карактер, а луѓето зад нив – име и лице.

Сеќавањето на него ќе продолжи да живее низ приказните и музиката што оставија трага во градската култура.

Почивај во мир, Панкер

Тагови

Поврзани вести