Забава
Медиумскиот циркус денес Ви претставува: Синот на Илон Маск реши да стане ќерка
Транссексуалната ќерка на Илон Маск официјално побарала менување на своето име „во согласност со нејзиниот нов идентитет“, а за да не оди два пати по шалтери во исто време се откажала и од својот татко Илон.
Таа барањето го поднела во судот во Санта Моника уште во април годинава, а освен околу идентитетот побарала и раскрстување со татко ѝ:
„Јас повеќе не живеам ниту сакам да бидам во сродство со мојот биолошки татко на кој било начин, изглед и форма“.
Се работи за Ксавиер Александер Маск, еден од близнаците кои беа првите деца на Маск, другиот е Грифин. Тој неодамна наполни 18 години што е најниската возраст на која можеш да го смениш својот род во Калифорнија.
Ксавиер го брише секој траг од името на својот татко и по ново ќе биде Вивиен Џена Вилсон, земајќи го презимето од својата мајка, Џастин Вилсон која се разведе од Маск во 2008.За сега нема никакво дополнително објаснување за судирот меѓу Маск и неговата, сега, првородена ќерка.
Ова е денешната доза за забава или нервоза за оние кој не разбираат, во холивудска продукција во која главните улоги ги толкуваат : Елон Маск, Бил Гејтс, Џеф Безос… се гледаме во следната епизода со уште поневеројатни, посензационални и уште поголеми будалаштини во новите вести за т.н. познати, а згора на тоа и “богати”!