Забава

Паралелно паркирање: Нова метода за дразнење на болните умови во сообраќајот

Од сите стресови кои со себе ги носи возењето кола (од идиоти кои сакаат да се пикнат во твоја лента, до идиоти кои не ти даваат да им се пикнеш во нивна лента), се чини организмот најмногу го вознемирува паралелното паркирање. Им мереле пулс на луѓе кои паркираат паралелно. Срцето забрзувало речиси 60 проценти.

Мини студијата ја извеле на луѓе на кои им биле приклучени мерачи на пулс. Им го утврдиле вообичаениот ритам на срцето а потоа им мереле колку удари во минута им отчукува срцето кога паркираат паралелно.

Во просек пулсот се качувал за 57%. Најлежерниот испитаник имал покачување од 22% а на најголемиот паничар пулсот му скокнал дури 84%. Стресови.

Дури и „обичното“ паркирање во рикверц го зголемува пулсот во просек за 46%.

Башка мерењето, 1.200 испитаници биле анкетирани за нивните чувства во врска со паркирањето.

Околу 26% признаваат дека тоа им е жива нервоза, но битна улога има возраста: 37% од оние помлади од 24 години паркирањето ги вади од кожа, додека кај оние постари од 55 години, тој процент е само 21%.

11 проценти признаваат дека паркираат каде било само за да не мора да го изведуваат маневрот за паралелно паркирање. 20% попрво би оделе на забар отколку да мораат така да паркираат.

Таа вештина не е до толку сложена, иако на доста препотени возачи тоа им останува доживотна мистерија.

Ако сте по формулите, пробајте ја Сајмон-Блебурновата метода за перфектно паркирање (.пдф).

Превземено од off.net.mk

Тагови

Поврзани вести