Свет
Огромен крокодил е уловен во австралиско одмаралиште (ВИДЕО)
Огромен, 4,4 метарски крокодил бил фатен во туристичко одморалиште во Северната територија на Австралија.
Во петокот, чуварите на паркот фатиле крокодил тежок околу 350 килограми, кој се движел низ природниот парк на реката Флора, популарна туристичка дестинација југозападно од градот Кетрин, пишува Си-Ен-Ен.
Тоа е најголемиот крокодил уловен во областа во последните неколку години, изјави портпаролот на Секторот за туризам, спорт и култура на Северната територија. Животното е пренесено на фарма за крокодили и најверојатно ќе се користи за размножување.
Морските крокодили се најголемиот вид крокодил – и најголемиот жив рептил на светот. Возрасните мажи можат да достигнат 7 метри и да тежат 997 кг. Овие предатори обично живеат во солена вода во близина на крајбрежјето, како што се мочуришта, утоки и лагуни.
Властите проценуваат дека околу 100.000 морски крокодили живеат во дивината на Северната територија и сега се заштитени со закон. Оние кои се проблематични, односно остануваат на места каде што има повеќе луѓе, ги фаќаат чуварите на паркот со помош на стапици и ги носат на фармите за диви животни или ги убиваат.
Чуварите обично фаќаат повеќе од 250 проблематични крокодили секоја година.