Забава
Нов перформанс за привлекување внимание на еко-активист: Ја прекина операта „Волшебната флејта“ во Париз
Еколошки активист од колективот „Последна обнова“ ја прекина оперската претстава „Волшебната флејта“ во еден театар во Париз.
Активистот се качил на сцената и се закачил како дел од сценографијата, пренесе денес парискиот весник „Фигаро“.
Млад човек во бела маица со натпис „Ни остануваат уште 879 дена“ излезе на сцената во текот на вториот чин на операта и го закачи вратот на скалите поставени како дел од сценографијата.
„Тоа што сум тука не е од задоволство“, извика активистот пред да биде спуштена завесата, додека публиката негодуваше, свиркаше и скандираше „Оди си оттука“.
Претставата биле прекината десетина минути, а активистот е уапсен.
Во изминатите денови, зачестија „нападите“ на еколошки активисти врз уметнички дела, а нивна цел беа дела на Ван Гог и Вермер, меѓу другите.