Македонија
Најавени прекини на струја во повеќе скопски населби

Дел од скопските општини денеска ќе бидат без електрична енергија во различни термини, информираат надлежните служби.
Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе останат корисниците на булеварот „Партизански одреди“ бр. 70Б – ТЦ Алуминка, како и жителите на улиците 30, 36 и 38 во населбата Трубарево. Прекин ќе има и на улицата „8“, како и кај дел од корисниците на улицата „12“ во селото Долно Соње.
Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопштија дека дополнителни прекини се планирани и во други делови на градот. Така, од 7 до 16 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Мирослав Крлежа“, во делот зад грчката амбасада.
Исто така, во периодот од 8:30 до 13:40 часот, без струја ќе останат станбените објекти и деловните простори на булеварот „Партизански одреди“ од број 19 до број 23. Од 8:30 до 13:40 часот прекин ќе има и кај корисниците на улицата „Јустинијан Први“, на потегот од маркет „Вајота“ кон селото Студеничани.
Дополнително, од 11 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците на улицата „Женевска“ во општина Карпош.
Надлежните апелираат граѓаните навреме да се информираат и да ги прилагодат своите обврски според најавените прекини.



