Храна

Намирници кои содржат највеќе омега 3 масни киселини

Многу научни и медицински студии го потврдуваат значењето на омега 3 масните киселини за нашето тело.

Тие влијаат на нашето севкупно здравје, го одржуваат нормалното функционирање на организмот и го намалуваат ризикот од заболувањата. Редовното конзумирање на овие масни киселини го намалува и ризикот од кардиоваскуларни болести, заболување на црниот дроб, бубрезите, очите и нервниот систем. Освен тоа, тие се корисни и за здравјето на коските, ги намалуваат воспалителните процеси и го јакнат имунитетот.

Дневниот внес на омега 3 масните киселини зависи од здравствената состојба, здравјето и полот.

Ова се 3 состојки кои содржат навеќе омега 3.

Морската риби и плодови

Тие се на прво место на листата. Во нив се наоѓаат активни компоненти на овие масни киселини кои телото брзо ги апсорбира и носи максимална корист. Најзначајниот дел од омега 3 масните киселини се наоѓа во рибиното масло. Сепак, важно е рибата и плодовите да се квалитетни.

Ленено семе

Втор на листата е ленот, кој можете да го додадете во сите видови јадења. Неговото семе и масло се многу корисни за имунолошкиот систем, борбата против воспаленијата и целокупното здравје.

Морски алги

Морските алги се корисни и добра замена за оние кои не јадат риба. Тие помагаат во брзото варење на храната, го чистат телото од токсини и го подобруваат имунитетот, што е особено важно во текот на есенските и зимските денови.

Доколку сакате да внесувате повеќе омега 3 масни киселини во текот на денот, ги препорачуваме и оревите и чиа семето.

Тагови

Поврзани вести