Забава

Магична глетка: Оваа “жива скулптура” го менува својот изглед во зависност од годишните времиња

Корнвол, регион во југозападна Велика Британија, е познат помеѓу љубителите на легендите како крај од кој потекнуваат кралот Артур и витезите на Тркалезната маса.

Посетителите го опишуваат како магично место кое изобилува со многу природни убавини, во кои се вбројуваат и магичните Изгубени градини на Хелиган.

Градините се простираат на 80 хектари, а секоја година привлекуваат стотина илјади авантуристи, љубители на природата и романтичари. Во внатрешноста на градините се наоѓаат многу изненадувања, а едно од нив е и скулптурата наречена “Mud Maid” (слугинка од кал).

Скулптурата е направена од страна на братот и сестрата Пит и Су Хил кои живеат во близина. Таа е специфична по тоа што го менува изгледот со промената на годишните времиња, поради што многумина ја нарекуваат и “жива скулптура”.

Изгледа како жена која спие на земја, а телото ѝ е направено од шуплива дрвена конструкција и кал. Главата на скулптурата е направена од песок, цемент и кал. Во текот на пролетта, таа е обрасната со зеленило додека зимно време е прекриена со снег.

Тагови

Поврзани вести