Вести
Луда и гласна прослава во Буенос Аирес по освојуањето на светското првенство во фудбал на Аргентина
Улиците на сите поголеми аргентински градови синоќа беа исполнети со навивачи кои пееја и славеа, а „фестивалот“ сигурно ќе потрае и во наредните денови, особено кога фудбалерите ќе се вратат од Катар и кога сите заедно ќе ја слават титулата светски шампиони.
Снимките кои доаѓаат од аргентинската престолнина се најдобар показател колку на жителите на оваа држава им значи освојувањето на Мундијалот во Катар и колку всушност се луди по фудбал.
Но, она што привлече внимание на интернет е снимката која настана непосредно пред изведувањето на победничкиот пенал, а татнежот кој се слуша од овој град е најдобар показател како се прослави победата на Аргентина против Франција и освојувањето на титулата светски шампион после 36 години.
Во Буенос Аирес за време на првиот дел од прославата имаше над 100 илјади луѓе на улиците, каде сите заедно ги величаа Лео Меси и „Албиселесте“.
Потсетуваме, Аргентина славеше против Франција после подобро изведување пенали откако резултатот по 120 минути игра гласеше 3:3.
Два гола за „Албиселесте“ постигна Меси, а еден Анхел Ди Мариа, додека за „Ле Блу“ хет-трик постигна Мбапе, но со два гола од пенал.
Но, титулата на Аргентина се славеше и во Бангладеш: