Свет

Куќа од камен во Португалија привлекува голем број туристи, еве и зошто!

Куќата од камен е сместена во подножјето на планината Фафе во северна Португалија, Casa do Penedo е една од најчудните градби во светот. Изградена е во 1974. година, и совршено се вклопува во планинскиот пејзаж благодарение на необичната идеја на градителот да ја постави куќата помеѓу четири масивни карпи.

Куќата првично им служела на сопствениците како викендичка а сега, со платени обиколку, на сите им е дозволено да ѕирнат во оваа необична зграда. Инспирацијата за дизајнот на куќата се јавила при посетата на сопственикот на овие простори. Невообичаените карпи во подножјето на планината го привлекле неговото внимание и му дале идеја да изгради семејно прибежиште меѓу нив.

Ѕидовите се изградени од португалски гранит, кој традиционално се користи како градежен материјал за локалните згради. Двоспратната куќа го привлече вниманието на локалното население, како и на туристите од моментот на нејзиното градење.
Сепак, ова внимание имало и негативни последици бидејќи сопствениците постојано се соочувале со вандализам и провали. По несакани упади, куќата е опремена со стакло отпорно на куршуми, а вратата е обезбедена со челични шипки. Куќата се загрева со камин, додека за ладење сопствениците и посетителите имаат надворешен базен.

Тагови

Поврзани вести