Забава
„Кралот на рокенролот“ повторно оживува во нов филмски проект

Во новиот филмски проект наречен „EPiC – Елвис Присли на концерт“, публиката ќе има можност да го доживее „Кралот на рокенролот“ како никогаш досега.
Визионерскиот режисер Баз Лурман носи уникатно искуство во кое Елвис пее и ја раскажува својата приказна, а сè е базирано на неодамна откриени и целосно реставрирани снимки од неговите легендарни изведби, објавува Index.hr.
„Додека работевме на филмот „Елвис“ од 2022 година, почнавме да истражуваме гласини за претходно невидени снимки од култни концертни филмови од 1970-тите „Elvis: That’s the Way It Is’ i ‘Elvis on Tour’.
Мојата прва мисла беше дека ако ги пронајдеме, можеме да го реставрираме тој неискористен материјал и да го искористиме во нашиот филм со Остин Батлер. „Истражувачите влегоа во филмските трезори на „Ворнер Брос“, сместени длабоко во подземните рудници за сол во Канзас, и на изненадување на сите открија 69 кутии што содржеа 59 часа досега невидени филмски негативи“, изјавил режисерот.
Како што изјавила Анџи Маркизи, потпретседател на архивите и куратор во Грејсленд, таа исто така успеала да пронајде некои претходно невидени снимки од Супер 8 од архивите на Грејсленд.
„Потребни беа повеќе од две години за да се врати материјалот во квалитет што никогаш порано не бил виден. Иако некои од негативите веќе биле користени во претходните продукции, пронајдено е богатство од никогаш порано невидени снимки, секвенци и изведби“, вели таа.



