Забава

„Катедралата“ што можете да ја посетите двапати на ден додека не ја проголта морето

Ако вашето патување некогаш ве однесе до Галиција, Шпанија, не пропуштајте го бесплатното патување до Плаја де лас Катедралес. Станува збор за карпеста градба за која се погрижила природата, а овој магичен изглед на карпи високи 30 метри послужил како инспирација за многу архитекти и уметници при изградбата на готски катедрали. Оваа плажа е потопена во морето и е видлива само двапати на ден. Таа е еден од најголемите природни споменици во Шпанија.

Природните куполи во Плаја де лас Катедралес нудат необичен пејзаж со сводови што го тераат посетителот да се прашува за моќта и убавината на природата. Вистинското име на плажата е Плажа на светите води, а нејзините карпи се високи дури 30 метри. Поради природниот изглед и сличноста со сакралните градби, многу уметници и архитекти го имитирале во некои од најголемите готски катедрали во Шпанија, вклучувајќи ја и блиската катедрала „Сантијаго де Компостела“. Сегашна форма е изградена со постојаното удирање на брановите за време на движењето на плимата и осеката. Поради кревкоста на сводовите останале само неколку од нив.

По оваа магична плажа можете да шетате само двапати на ден, за време на плима, а доколку дојдете на локацијата за време на плима, многу е сигурно дека поголемиот дел од карпите ќе бидат потопени. Плажата се наоѓа во северозападниот регион на Галиција, во близината на градовите Ла Коруња и Луго. Таа е на само час и половина оддалечена од Ла Коруња со автомобил. Нема да мора да плаќате за прошетка на магичната плажа, иако во текот на летните месеци треба однапред да го резервирате вашето пристигнување, пренесува Нова Македонија.

Тагови

Поврзани вести