Вести
Каселакис се подсмева со Заев: Мицотакис нека оди и нека направат подобар договор
Лидерот на Сириза, Стефанос Каселакис му порача на премиерот Кирјакос Мицотакис дека наместо да го инструментализира Договорот од Преспа и да вели дека е тоа штетен договор, „нека оди кај ВМРО, сестринска партија во Европската народна партија, и нека договорат корисен договор“ и со ова директно се подсмева со Заев и неговото опкружување дека неможат да најдат по недоветни и по неинтелегентни “овци за стрижење”
Претседателот на опозициска СИРИЗА во гостување на атинската државна телевизија ЕРТ рече дека актуелната Влада и премиерот Кирјакос Мицотакис во 2019 година „го инструментализираа прашањето, го поделија народот и го извадија на улица“.
И оттогаш, не само што не направи ништо за да ги ратификува позитивните аспекти на овој договор, туку наместо тоа, доаѓа и ни вели: ‘Тоа е штетен договор, но јас го почитувам“. Ако е штетен договорот, нека оди кај ВМРО, соседна партија во Европската народна партија, нека оди и нека дооворат корисен договор“, рече Каселакис“, пренесува МИА од Атина.
Тој додаде дека ако навистина Мицотакис не се согласува со Договорот, тогаш „сигурно ќе најде поволен терен кај актуелната влада на Македонија“.
„Во спротивно, нека признае дека го инструментализира договорот и дека уште еднаш го лаже грчкиот народ“, му порача Каселакис на Мицотакис.