Вести

Капути од еко крзно за ниски температури

Крзнените еко-капути, односно капутите од вештачко крзно се парче топла облека која ни дава луксузен допир и ja "крева" целата комбинација на едно повисоко ниво.

Еден ваков капут ѝ става акцент на женственоста, префинетоста и елеганцијата. Секако, најпопуларни се кремавите, окер и сивите нијанси, но тука некаде се и црните и кафените капути.

Одвреме навреме во понудите ќе најдеме и крзнен капут во некоја друга, впечатлива боја наменети за похрабрите модни ентузијасти.

Капутите варираат и во однос на должината од кратки до струк, па сè до макси модели до глужд. Може да имаат копчиња, а некои доаѓаат и со патенти.

Одлично одговараат со секое парче облека – за покежуал изглед тука се фармерките, џемперите и патиките, додека вечерниот стајлинг зачинете го со црн фустан или костум.

 

Тагови

Поврзани вести