Вести
Исчезнати 29 нови клупи на кејот на Вардар во Градскиот Парк
Докторот и советник во Град Скопје, Никола Пановски, на социјалните мрежи реагира дека изчезначе 29 нови клупи поставени на кејот на Вардар.
Исчезнатите 29 нови клупи на кејот на Вардар во Градскиот Парк, голема мистерија!, пишува Пановски.
Во продолжение реакцијата на д-р Пановски во целост.
На 14.02. годинава мојот другар Николовски Теофил Тофо преку пост информираше дека недостасуваат клупи поставени лани летото. Имаше слика и од една клупа фрлена во Вардар. На 22.02. Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски лично проверил дека недостасуваат 29 клупи, па побара информација од службите на Градот и од ЈП Паркови и зеленило, поставувајќи ја оваа информација како прва точка на седницата на Советот закажана за 29.02.2024. Помина недела, почна седницата, на која НЕМАШЕ ни писмена ни усна информација. Градоначалничката ја немаше, секретар не е назначен, директорот на ЈП не дојде, сите останати присутни од градската администрација молчеа.
Во мојата дискусија ги предупредив одговорните во градот, а особено во ЈП Паркови и зеленило, дека прикривање на кривично дело (претпоставувам дека е кражба), е исто така кривично дело. На 29.02. Советот едногласно донесе одлука да побара од Градот и ЈП информација за клупите. Денес добив покана за 45седница на Советот закажана за 14.03.2024, со 32 точки на дневен ред. Информација за исчезнатите клупи НЕМА!!!
Претходно пишував за неодржување на седници за советнички прашања. Вакво игнорирање на граѓаните кои бараат одговор “Каде се клупите, како украле 29 клупи без никој да не ги види, ниту да пријави”, преку нас советниците е невидена неодговорност. Кои им забрани на вработените да даваат изјави? Па клупите се на сите нас.
Подолу, првата слика, новите клупи.
Четвртата слика, старите клупи од ковано железо, вкопани длабоко во патеката, кои не можеа да се извадат, па се сечени долу кај ногарките за да се отстранат, па место да им ја сменат дрвенаријата, набавиле нови и ги прицврстиле со типли и штрафови од 10 см, кои двајца ‘рмпалии за 5 секунди ги откорнуваат и товарат на возило..
Сликата долу лево, клупата ја нема, на патчето лево се товарани во возило, сликата долу во средина, вират штрафовите од откорнатата клупа.
На потезот од стадионот па се до мостот кај А.Палас недостасуваат 29 клупи, пред се на места каде има достапност со возило и не фаќаат камерите од „Калето“, значи како одите од стадион кон А.Палас ги има се поретко. Останати се клупи блиску до стадионот и кај кајакарскиот клуб, каде што нема пристап за возило.
Ги повикувм медиумите да побараат информации од јавен интерес согласно Законот.
На седницата на 29.02. советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата не гласаа да се примат донации во износ од 60.000 евра, од УНДП за институции од културата, единствено за инает на нивната како што ја нарекуваа „топ менаџерка во Европа“. Не гласаат за ништо што таа го предлага, па ни за донации. Со тешки маки, по барање за поединечно гласање, се засрамија или освестија пет, шест лица од нив, па некако донациите ги примивме, инаку ќе пропаднеа!!!
Ги повикувам граѓаните да побараат нови избори за градоначалник на 24.04. и за советници на Град Скопје, на 08.05.2024. Не е по Закон? Ок тогаш законски да си го изгубиме градот.
Клупиве се ситница, има многу покрупни проблеми, но ако за клупиве немаме месец дена информација, мислам дека е се јасно колку е страшно, пренесува republika.mk