Забава

Исландска карпата во облик на слон е вистинско чудо на природата

Карпата во форма на слон е создадена од природна формација на карпи на архипелагот Вестмански Острови, сместена на околу седум километри од јужниот брег на Исланд, пренесува Originalmagazine.

За да го видите ова природно чудо, ќе треба да изнајмите автомобил и да направите обиколка на Вестманските острови, до кои се стигнува со траект. Откако ќе стигнете таму, ќе ви треба едночасовно возење со брод за да ја видите иконската карпа позната како Карпата на слон.

Вестманските острови се состојат од 15 острови и 30 морски гребени формирани од вулканска подводна активност. Најголемиот и единствен населен остров Хејмај зафаќа само 13. квадратни километри, а карпата во форма на слон е само една од многуте величествени работи на кои ќе наидете.
Целиот архипелаг на Вестманските острови е создаден од вулкански ерупции и како резултат на тоа имаме исклучителни формации и неверојатни вулкански пејзажи.

 

Карпата во форма на слон ги фасцинира посетителите бидејќи наликува на глава на џиновски слон кој потонал половина од своето тело во вода, како да се обидува да ја задоволи својата жед во Атлантскиот Океан.
Она што ја прави карпата уште пореална е фактот дека таа е целосно формирана од базалт – поради што изгледа како „кожата“ на слонот да е збрчкана.
Се верува дека карпата во форма на слон е формирана за време на една од многуте ерупции на вулканот Елдфел. Последната беше во 1973 година, кога требаше да се евакуира целото население на Хејмај, иако самата карпа е постара.
Меѓутоа, таа катастрофа создаде нови туристички атракции кои се натпреваруваат со Elephant Rock за популарност.
Друга причина за посета на Вестманските Острови е можноста да гледате птици и китови. Имено, ова е дом на арктичките морски папагали, а може да се видат и перки на китови и орки.

Тагови

Поврзани вести