Вести
За една година се затвориле 15 училишта во Македонија!
Вкупно 14 редовни основни училишта се затвориле во рок од една година, односно од 976 во 2021/2022 година, овој број се намалил на 962 во 2022/2023, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) објавени вчера.
Истовремено, било затворено и едно специјално основно училиште и сега нивниот број е 35.
Бројот на паралелки за една година се намалил од 11.057 на 10.997, а бројот на ученици од 184.910 на 182.245. Во меѓувреме, бројот на наставници во основното образование се зголемил за 283 наставници, односно од 19.326 на 19.609.
Во средното образование пак, за една година, бројот на ученици се намалил за 2.700, а бројот на паралелки за 49.
Овој алармантен податок покажува дека Македонија се движи во погрешна насока и дека веднаш треба да се превземат мерки за стопирање на ужасната пропаганда наметната од странски држави за иселување на младите во земји каде што “течело мед и млеко” и каде се заработивале некакви си ”многу пари”, а и политиката на некаков си модернизам и некаква си “гендерска рамноправност” која исто така е дел од стратегијата.
Истите овие наши непријатели кој стратешки работат на пропаганда да привлечат(излажат) што повеќе млади луѓе од Македонија имаат недостик на работна сила и воедно работат да создадат што полоши услови за живеење кај нас преку инсталирање на свои соработници и квислинзи (сегашна т.н. власт) кои без прашање ги спроведуваат нивните наредби.