Живот

Забрана за продажба на смартфони на лица под 16 години!

Два месеца откако воведоа нови правила за користење на мобилни во англиските училишта, британските власти сега се на памет да ја забранат продажбата на смартфони на лица помлади од 16 години на ист начин како што е забранета продажба на алкохол или цигари.

 

На ист став со владата се и мнозинството родители во земјата од кои на анкета во март годинава 58% одговориле дека се согласуваат со забрана за користење смартфони за лица под 16 години.  Во истата анкета 4 од 5 родители изјавиле дека сметаат дека смартфоните се штетни за децата и младите. Слични резултати покажуваат и други анкети спроведени во Британија.

Намерата на законот е да се заштитат децата од штетното влијание на социјалните мрежи. Анкета на Офком открива дека 97% од британските деца на возраст до 12 години имаат смартфон.

Законот во сегашната форма предвидува само да се забрани продажбата на телефони на деца до 16 години, но тој не ги сопира родителите да го направат тоа за нив.

Противниците на планот сметаат дека владата претерува во микроменаџирање на населението и дека одлуката треба да биде оставена на родителите. За премиерот Риши Сунак е проблематично што периодов тој воведува уште еден закон кој се однесува на младата популација, конкретно за забрана за пушење во земјата. Според него на Британците родени по 1 јануари 2009 до крајот на животот нема да им биде дозволено да купат цигари, бидејќи секоја година за една година ќе се зголемува границата до која не е дозволено купување цигари.

Тагови

Поврзани вести