Свет

Ескалација на тензиите: Авганистан и Пакистан повторно во судир

Во граничниот појас меѓу Авганистан и Пакистан повторно избувнаа судири, при што, според информациите од авганистанските власти, загинало најмалку едно лице, а 16 се повредени, најголем дел жени и деца.

Пакистанските безбедносни служби соопштија дека нивната реакција била одговор на претходни напади од авганистанска страна и дека не биле таргетирани цивилни објекти.

Инцидентот се случува во период на засилени дипломатски активности во регионот, кога во Пакистан се одржуваат разговори за намалување на тензиите на Блискиот Исток и можни посреднички улоги во меѓународни преговори.

Во последниот период, односите меѓу двете соседни земји се обележани со чести судири и меѓусебни обвинувања. Пакистан тврди дека од авганистанска територија делуваат милитантни групи, додека Кабул ги отфрла ваквите обвинувања и посочува дека станува збор за внатрешен безбедносен проблем на Пакистан.

И покрај најавените привремени прекини на огнот, судирите повторно се обновуваат, што дополнително ја усложнува безбедносната состојба во регионот.

Тагови

Поврзани вести