
Подготовките за лансирање на Tesla Model Y течат според предвиденото иако производство на Model 3 кој треба да служи како негова основа сé уште е во проблеми и го нема достигнато планираното ниво. уште лани, но без многу да каже за него. Тогаш и беше споменат терминот кога Model Y треба да започне да се произведува – некаде на крајот на 2019 или на почетокот на 2020 година. Сега се дознава дека Tesla веќе побарала понуди за неговите компоненти од своите добавувачи, не откривајќи им многу детали за техниката ниту пак временската рамка за нивна испорака. За него ќе се гради нова фабрика во Кина, која ќе започне со производство две години подоцна. Се очекува во неа да се произведуваат око 500.000 примероци од овој модел годишно.