Забава
Електрификација и во наутиката
Трендот на употреба на електричниот погон се проширува и на пловилата Ценејќи го она што природата им го дала, Скандинавците сакаат да ја воведат електриката во сите сфери на транспортот. За тоа шведскиот производител на хидроглисери Candela се обрати за помош на Polestar, од каде ги позајми батериите за својот најнов производ.

Батериите од овозможуваат автономија од 106 километри при брзина на крстосување од 41 километар на час. За полнење на обичен приклучок се потребни шест ипол часа, а на брз полнач до 80 отсто од капацитетот само 35 минути. Телото е од јагленородни влакна, а во него можат да се превезат осуммина патници. Грижата за природата има своја цена – во овој случај 400.000 евра. Првите испораки се планирани за јуни идната година.


