Вести

Егзодус од иселување на Косово

Косовското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека за четири години, од 2018 до 2022 година, повеќе од 150.000 луѓе го напуштиле Косово, а очигледно е дека оваа бројка е неколкукратно поголема од официјалната

„За периодот од 2018 до 2022 година, се проценува дека Косово го напуштиле 156.080 жители или речиси 8,85 отсто од населението на земјата“, се наведува во соопштението, пренесе Бета.

Во периодот од 2020 до 2022 година, на Косово емигрирале 26.329 жители, додека од Косово се иселиле повеќе од 93.000 жители, велат официјалните бројки

Според резултатите од последниот попис на населението од 2011 година, Косово има 1.739.825 жители, но се претпоставува дека вистинскиот број на жители се движи во рамките од половина милион до еден милион.

Вистинската бројка на населението не може да се одреди од причина што исто како и во Македонија постојат многу лажни државјанства за кои не постојат луѓе.

Бројката на иселени лица се очекува да се зголеми по безвизниот режим со ЕУ, на која очајно и фалат луѓе и прави се за да ги иселување.

Тагови

Поврзани вести