Вести

Домашна смеса за подобар род на пиперките

Ако почнувате сами да одгледувате пиперки, мора да знаете дека може да биде тешко. Пиперките имаат специфични потреби за светлина, ѓубриво, пресадување за да растат и подоцна да уживаат во плодовите. За растенијата да бидат бујни, со убави лисја и да вродат со плод, мора да внимавате при нивното одгледување.

За ова можете да искористите решение кое сами ќе го направите од само три состојки кои веќе ги имате во вашата кујна.

Еве што ви треба:

1 лажица сув квасец
1 лажица сода бикарбона
1 литар топла вода

Постапка:

Измешајте ги сите состојки. Оставете да отстои два часа. Разредете со 10 литри вода и наводнете ги растенијата.

Квасецот содржи витамин Б, минерали и други состојки. Со додавање на квасец во почвата, концентрацијата на азот и фосфор се зголемува и растенијата растат подобро. Сода бикарбона ги уништува штетните материи и ја спречува појавата на габи на растенијата.

Тагови

Поврзани вести